Во Македонија рециклирањето отпад на стартна позиција

Bez autora
Jun 16 2013

Во Македонија годишно се создава 420.000 тони комунален отпад, а само мал процент од него се рециклира. Иако постои Национална стратегија за управување со отпад изготвена пред пет години, а постои и законска регулатива за управување со отпадот, минатата година почнаа првите позначајни активности на ова поле со основање на компании за рециклирање на отпад од амбалажа кај компаниите, но постојат компании што рециклираат хартија, картон, метал и пластика. Во Македонија информираноста на јавноста за еколошките проблеми е на многу ниско ниво. Луѓето не се свесни за проблемите кои ги предизвикува отпадот и негативните ефекти врз нивното здравје и животната средина. А ниту, пак, компаниите се запознаени за можностите што им се достапни во однос на процесот на рециклирање на отпад.

Во Македонија рециклирањето отпад на стартна позицијаВо Македонија годишно се создава 420.000 тони комунален отпад, а само мал процент од него се рециклира.

Иако постои Национална стратегија за управување со отпад изготвена пред пет години, а постои и законска регулатива за управување со отпадот, минатата година почнаа првите позначајни активности на ова поле со основање на компании за рециклирање на отпад од амбалажа кај компаниите, но постојат компании што рециклираат хартија, картон, метал и пластика.

Во Македонија информираноста на јавноста за еколошките проблеми е на многу ниско ниво. Луѓето не се свесни за проблемите кои ги предизвикува отпадот и негативните ефекти врз нивното здравје и животната средина. А ниту, пак, компаниите се запознаени за можностите што им се достапни во однос на процесот на рециклирање на отпад. Рециклирањето на отпадот, кај компаниите има повеќе бенефиции за многу области во економијата. Обезбедува суровини, создава нови работни места, поттикнува можности за бизнис и иновации.

Но, додека во Европа овој сектор континуирано расте и се развива, во Македонија се уште е во почетна фаза. Според Националната стратегија за управување со отпад 2008-2014 година, сегашната состојба во Македонија со управување со отпадот е неефикасна, под стандардите и е попречена со сериозни организациски и технички недостатоци. За да се постигне потребното ниво согласно законската регулатива потребни се вкупни инвестиции од околу 6 милиони евра во период од 6 години, во најголем дел за организациска поставеност на институциите и компаниите, за обуки на вработените и ангажирање на специјални компании за подигнување на свеста кај јавноста за потребата од рециклирање на отпад. Притоа инвестициите за обезбедување на 55% до 60% од потребниот капацитет на депонии, пак, достигнува до 51 милион евра годишно при што во период од 6 години.

- Врз основа на одржаните бесплатни обуки, за малите и средните претпријатија во областа на зелената економија и рециклирањето на отпадот, поддржани од WE-ЕЕN проектот, од евалуациите можеме да заклучиме дека потребна е поголема едукација, информираност и промоција на рециклирањето. Компаниите се заинтерсирани, но немаат знаење како да почнат да реализираат нешто ново, во случајов рециклирањето - велат од консултантската компанија Фуд Консалтинг, која е дел од проектот, WE-ЕЕN кој има за цел поддршка на малите и средни компании за справување со предизвиците за еколошко работење.

Според нив, бенефитите од рециклирањето на отпад се големи за целото општество.

- Почнувајќи од тоа дека се отвораат нови можности и работни места, гарантирана стабилна економија или кружно движење на ресурсите, здрава животна средина која ќе ги намали болестите, зачувување на природните ресурси за идните генерации, и нова можност за работа, нов избор на финансии за постоечките компани - објаснуваат од Фуд Консалтинг.

Според експертите, компаниите што поскоро треба да ги искористат можностите кои им се отвораат за рециклирање на отпадот и неговото повторно користење бидејќи тоа може да прерасне во сериозна индустриска гранка.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik